Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА).
„Курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво. Апелираме до граѓаните непотребно да не се изложуваат на трошоци менувајќи ги своите денарски средства во девизи, притоа водени единствено од шпекулациите и лажните вести, присутни во овој период“, велат од МБА.
Нагласуваат дека банкарскиот систем е високо капитализиран и ликвиден и како што посочуваат, како и во досегашниот период има потенцијал за справување со шокови и натамошна поддршка на компаниите и граѓаните. Околу 97 деца загинаа, а повеќе од 100 се повредени за време на руската инвазија на Украина, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител.