Бесплатни лекции на Јутјуб: Помош од младите за помладите

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Сара е на крајот од студиите на Природно-математичкиот факултет, на отсекот екологија. Даниел е на почетокот од професорската кариера во средното училиште „Марија Кири Склодовска“, како професор по физичка хемија, инструментална анализа и практична настава. И двајцата решиле бесплатно да го споделат своето знаење на Јутјуб, преку видеа наменети за помладите од нив - дел од иницијативата „Cognitionis“, спроведена преку Универзитетско студентско собрание на УКИМ во партнерство со асоцијацијата „Младите Можат“ и со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.