Украина планира да отвори девет хуманитарни коридори

илустрација

Денеска ќе се направат повеќе обиди за евакуација на цивилите од бомбардираните градови, изјави вицепремиерот на Украина.

Украина има за цел да отвори девет хуманитарни коридори, иако претходните обиди за евакуација на луѓето повремено беа цел на руските сили.

Според Дмитро Живицки пак, шеф на регионалната администрација на Суми, рутите за евакуација од Суми, Конотоп, Тростианец и Лебедин ќе бидат воспоставени меѓу 09:00 и 21:00 часот по локално време.

Градот Суми во близина на руската граница е под силно гранатирање со извештаи за прекини на струја и вода по инвазијата на Русија.

Во меѓувреме серија артилериски напади погодија станбена зона на главниот град на Украина во раните утрински часови, предизвикувајќи голем пожар во станбена зграда.

Најмалку едно лице загина, а други се уште беа заробени внатре додека пожарникарите брзаа да ги спасат луѓето користејќи скали. Украинската армија соопшти дека инцидентот е резултат на артилериски напади врз областа Свјатошински.

Руските сили во текот на ноќта ги засилија и воздушните напади врз северозападните предградија Ирпин, Хостомел и Буча, изјави шефот на Киевската област.