Сквотери го зазедоа замокот од 65 милиони долари на Дерипаска во Лондон

Сквотери го окупираа замокот на Дерипаска во скапата населба Најтсбриџ

Сквотери го зазедоа имотот на рускиот олигарх Олег Дерипаска во центарот на Лондон, велејќи дека „ја ослободиле“ палатата и планираат да ја користат за сместување украински бегалци.

Сквотерите окупираат напуштени или празни земјишта или згради и ги користат без дозвола на сопствениците.

Полицијата ја опколи областа околу замокот во скапата населба Најтсбриџ откако сквотери денеска го презедоа објектот чија вредност се проценува на 65 милиони долари.

„Овој имот е ослободен“, пишува на транспарентот закачен на балконот на вториот кат од објектот.

На друг транспарент има пцовка за рускиот претседател Владимир Путин на англиски и на руски јазик.

На еден од прозорците на третио кат виси украинско знаме.

Полицијата беше присутна, но не уапси ниеден од сквотерите.

Дерипаска е еден од неколкуте руски олигарси погодени од британските санкции против Русија.


Како мерка против на руската неиспровоцирана инвазија врз Украина, Британија го замрзна имотот и воведе забрана за влез на некои руски олигарси во земјата. Ним им е забрането да имаат какви било трансакции со лица и фирми од Велика Британија.