Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш најави дека ОН ќе издвојат дополнителни 40 милиони долари за хуманитарна помош за Украина.
Говорејќи во Њујорк тој рече дека средствата се даваат за да и се достават на Украина залихи храна, вода, лекови и други битни работи, како и дека ќе им се пружи парична помош на оние на кои им треба.
Гутераш предупреди дека понатамошната ескалација на судирите во Украина, дали тоа ќе биде случајно или намерно, му се заканува на целото човештво.
Тој повика на моментален прекин на непријателствата и сериозни преговори засновани на принципите на Повелбите на ОН и меѓународното право.
Четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина е на пауза до утре.
Шефот на ОН денеска предупреди дека светот мора да дејствува за да спречи „ураган на глад и распад на глобалниот систем за храна“ по руската инвазија на Украина.
Генералниот секретар им рече на новинарите во Њујорк дека војната ризикува да предизвика далекусежни последици за глобалното снабдување со храна што ќе има разорно влијание врз најсиромашните.
Генералниот секретар зборуваше на маргините на брифингот на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) пред Советот за безбедност.