Кадиров наводно пристигнал во Украина, каде се борат паравоени чеченски војници

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, наводно, отпатувал во Украина, каде што се верува дека членовите на неговите страшни милициски сили се борат заедно со редовните руски сили.

Телевизијата за која се верува дека е контролирана од администрацијата на Кадриов во Чеченија вчера вечер објави видео на социјалната апликациј за споделување пораки „Телеграм“ во која се вели дека Кадиров е во Украина, иако не го соопшти точната локација ниту кога е снимено видеото.

За оваа информација нема непосредна независна потврда за тврдењето.

Самиот Кадиров се уште не потврдил на своите лични профили на социјалните мрежи дека е во Украина. Сепак, познато е дека во земјата биле испратени единици на чеченската национална гарда.

На видеото, Кадиров е прикажан како се среќава со војници додека тие ги опишуваат своите постапки. Во позадина може да се види знаме со ликот на таткото на Кадиров, Ахмад.

Присуството на чеченските борци во Украина е нашироко известувано, со видео и фотографии кои го документираат нивното присуство. Чеченските паравоени единици се сметаат за застрашувачки борбени сили, кои беа распоредени, наводно со владино овластување, во минатото во источна Украина, како и во Сирија.