Иранската гарда презеде одговорност за нападот врз ирачкиот град Ирбил

Иранската „Исламска револуционерна гарда“ презеде одговорност за ракетниот напад чија цел беше северниот ирачки град Ирбил. Десетина балистички проектили вчера рано наутро го погодија Ирбил.

Тие биле насочени кон новата зграда на американскиот конзулат и соседната станбена зона, но предизвикаа само материјална штета, а еден цивил беше повреден, соопшти курдското Министерство за внатрешни работи. Исламската револуционерна гарда објави соопштение преземајќи ја одговорноста за ракетниот напад врз израелските „стратешки центри“ во Ирбил, објавија иранските државни медиуми.

„Секое повторување на напади од страна на Израел ќе биде проследено со остар, решителен и деструктивен одговор“, се вели во соопштението.

Ирачкиот министерски совет за национална безбедност соопшти дека побарал по дипломатски канали „искрено и јасно“ објаснување од Иран.

Испукани проектили кон северниот ирачки град Ирбил

Соединетите Држави рекоа дека ракетниот напад потекнува од Иран и остро го осудија.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече дека „ниту еден американски објекти не е оштетен, ниту персонал е повреден“ и „нема индиции дека нападот бил насочен кон Соединетите држави.“

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, исто така, рече дека Вашингтон работи да му помогне на Ирак да стекне ракетна одбранбена способност за да се одбрани. ​