Руските сили се обидоа да ги заплашат локалните функционери кои работат во окупираниот јужен украински град Херсон и распоредија полицајци од озлогласената, сега распуштена единица на полицијата за немири „Беркут“ како дел од тие напори, изјави претставник на локалната администрација.
Во интервјуто, Серхи Клан, заменик-шеф на регионалниот совет во Херсон, исто така подетално ги опиша напорите на руските официјални лица да организираат лажен референдум за независност со изговор за формално преземање на регионот или едноставно оддалечување од контролата на централната влада.
Херсон, кој се наоѓа недалеку од административната граница што ја одвојува Украина од полуостровот Крим, анектиран од Русија, стана првиот голем украински град што беше преземен од руските сили на 5 март.
Илјадници жители на Херсон се собраа во центарот на градот на 13 март на протест против руските сили. Луѓето маршираа низ улиците извикувајќи „руските војници се фашистички окупатори!“.
На едно видео објавено на социјалните мрежи од официјални лица во Херсон, се слушаат пукотници додека руски војници пукаат со оружје во воздух во очигледен обид да ги исплашат учесниците на маршот.
Зборувајќи за Радио Слободна Европа на 12 март, Клан рече дека руските воени сили останале надвор од градот, но цивилна полиција и владини претставници се испратени во градот - најверојатно, рече тој, по наредба на Националната гарда на Русија. Тој, исто така, рече дека меѓу полицајците што биле распоредени по руска наредба имало и поранешни членови на озолгласената украинска единица на полицијата за немири позната како „Беркут“.
Единицата беше позната по насилните репресии врз демонстрантите и беше обвинета за повеќето од пукањата кон украинските цивили што се случија во февруари 2014 година, во последните денови од уличните протести на киевскиот плоштад Мајдан. Единицата „Беркут“ беше распуштена од владата што ја презеде дојде откако претседателот Виктор Јанукович избега од Украина, а многу нејзини офицери побегнаа во Крим и во регионите Доњецк и Луганск.
„Херсон веќе е контролиран од Националната гарда. Тоа се таканаречените полицајци, тоа се „беркутистите“, тоа се оние кои избегаа од Украина за време на Мајдан во 2014 година, а сега се враќаат и жестоко ги мразат Украинците“, рече тој.
Расте бројот на загинати во рускиот воздушен напад врз украинска база во близина на границата со Полска
„Русите ги враќаат во окупираните градови и окупирани територии со цел да создадат управи и да го вратат таканаречениот руски поредок“, рече тој.
Клан, исто така, рече дека руските официјални лица му укажале на него и на другите дека планираат да организираат референдум во регионот Херсон како изговор за регионот да прогласи независност, слично на она што се случи во делови од регионите Доњецк и Луганск.
Делови од двата региони се контролирани од милициите поддржани од Русија со години.
„Лично добив повик со предлог за соработка со новата регионална администрација. Им треба за самите да ги легализираат. Ова им треба за да соберат регионални пратеници кои го поддржаа таканаречениот референдум за независност на „Народната република Херсон“, рече тој.