Убиен американски новинар во Украина

Украина- украински војници носат ракетни фрлачи и снајперски пушки додека одат кон градот Ирпин, северозападно од Киев, на 13 март 2022 година

Еден американски новинар е убиен, а друг повреден во Ирпин, северно од Киев, јавуваат повеќе медиуми. Данило Шаповалов, хирург волонтер за украинската територијална одбрана, рече дека еден од Американците починал веднаш, а тој го лекувал другиот.

Новинарите на Агенцијата Франс Прес во Ирпин, како што јави агенцијата, го виделе телото на жртвата, која беше идентификувана како Брент Рено, фотограф и режисер кој во минатото соработувал со Њујорк Тајмс. Американскиот дневен весник соопшти дека е „длабоко тажно што слушнал за смртта на Брент Рено“, додавајќи дека тој сега не бил на задача за весникот.