Папата Франциск ја упати својата најостра осуда досега за руската инвазија врз Украина. Денеска тој рече дека мора да престане „неприфатливата вооружена агресија“. Зборувајќи пред илјадници луѓе на плоштадот Свети Петар во неговиот неделен благослов, Франциск исто така рече дека убивањето на деца и невооружени цивили е „варварско“ и без „валидна стратегиска причина“.
Тој го нарече опколениот град Мариупол „град на маченици“ и повторно апелираше за „вистински безбедни хуманитарни коридори“преку кои ќе им се овозможи на жителите да се евакуираат.
„Во името на Бога ве молам, престанете со овој масакр!“, рече папата, додавајќи дека украинските градови ризикуваат „да бидат сведени на гробишта“.
Папата не го употреби зборот „Русија“ во осудите на војната откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на 24 февруари.