Милиони луѓе ширум Кина од денеска се во локдаун поради тоа што бројот на новозаразени со ковид-19 се удвои и изнесува речиси 3400 случаи, поради што се зголеми вознемиреноста во земјата која има нулта ковид политика. Ова како што јавува агенцијата Франс Прес е најголемата бројка во последниве две години.
Зголемувањето на случаи на национално ниво ги натера властите да ги затворат училиштата во Шангај и да ги стават во локдаун централните населби во јужниот технолошки центар Шенжен, како и во цели североисточни градови, бидејќи речиси 18 провинции се борат со кластерите на варијантите Омикрон и Делта.
Кина, каде што вирусот првпат беше откриен кон крајот на 2019 година, одржува строга политика за „нулта-Ковид“ која ја спроведува со итни заклучувања, ограничувања за патувања и масовно тестирање кога ќе се појават кластери.