Испукани проектили кон северниот ирачки град Ирбил

Илустрација- американски воени возила придружуваат камиони во Ирак

Десетина балистички проектили го погодија Ирбил рано на 13 март, a биле насочени кон новата зграда на американскиот конзулат и соседната станбена зона, но предизвикале само материјална штета, а еден цивил бил повреден, соопшти курдското Министерство за внатрешни работи. Мета на проектили биле северниот ирачки град Ирбил, а американските власти велат дека биле лансирани од Иран. Дописник на иранската државна телевизија рече дека проектилите биле насочени кон „тајни израелски бази“.

Засега никој официјално не ја презема одговорноста. Портпаролот на американскиот Стејт департмент го нарече „безобразен напад“, но рече дека нема повредени Американци и дека нема штета на објектите на американската влада во Ирбил. Американските сили стационирани во комплексот на меѓународниот аеродром во Ирбил во минатото беа изложени на ракетни и на нападни со беспилотни летала за кои американските власти ги обвинуваат милициските групи под контрола на Иран.

Нападот се случи неколку дена по израелскиот напад во близина на Дамаск, Сирија, во кој загинаа два членњ на иранската Револуционерна гарда. Техеран остро го осуди нападот и вети дека ќе возврати.