Шолц и Макрон повторно разговараа со Путин за Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон

Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон побарале итен прекин на огнот во Украина во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин наведувајќи дека е потребно дипломатско решение за ситуацијата, јавува германската агенција ДПА. Двајцата разговараа со Путин околу 75 минути, изјави портпаролот на германската влада. Рускиот претседател не покажал подготвеност да стави крај на војната со Украина, рекол претставник на француското претседателство, а пренесува агенцијата Ројтерс.

Во меѓувреме, Кремљ соопшти дека Путин го критикувал, како што го наведено, „флагрантно кршење“ на меѓународното хуманитарно право од страна на украинските сили.

„Путин ги информираше за вистинската состојба на работите“, се вели во соопштението на неговиот кабинет.

Во него се додава дека биле споменати „бројни факти за флагрантно кршење на нормите на меѓународното хуманитарно право од страна на украинските безбедносни сили“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Како Русија ги манипулира своите граѓани за војната во Украина

Русија ја нападна Украина на 24 февруари и од тогаш е во офанзива кон главниот град Киев и другите големи центри во земјата. Под опсада се неколку градови како Мариупол, а ситуацијата според информациите објавени од украинските власти е драматична бидејќи жителите се без вода, греење и храна. Досега, според УНХЦР, над два милиони луѓе ја напуштиле Украина.