Италија заплени јахта на рускиот олигарх Мелниченко

Јахтата на рускиот милијардер Андреј Игоревич Мелниченко која е запленета од италијанската финансиска полиција е видена во пристаниште Трст, Италија, 12 март 2022 година.

Италијанските власти ја запленија јахтата која е во сопственост на руски милијардер, ставена на листата на санкции на ЕУ по руската инвазија на Украина. Бродот му припаѓа на рускиот милијардер Андреј Игоревич Мелниченко кој е сопственик на големиот производител на ѓубрива ЕуроХем Груп и на компанијата за јаглен СУЕК.

Бродот, кој се проценува дека вреди околу 578 милиони долари, е најголемата едрена јахта во светот, соопшти италијанската влада. Официјални лица од италијанската финансиска полиција го заплениле на 11 март, објави новинската агенција АНСА.

Минатата недела италијанската полиција заплени вили и јахти вредни 156 милиони долари на пет Руси кои се ставени на списокот со санкции на ЕУ.