Западните испораки на оружје за Украина може да бидат руски таргет, најави Москва

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков

Висок руски функционер на 12 март предупреди дека Москва би можела да ги таргетира западните пратки со воена опрема за Украина.
Зборувајќи на државната телевизија, заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека Москва ги предупредила Соединетите Американски Држави дека ќе гледаат на испораките на западно оружје за Украина како на цели.

Рјабков рече дека Русија „ги предупредила САД дека испумпувањето оружје од голем број земји не е само опасен потег, туку тоа е акција што ги прави тие конвои легитимни цели“.

Тој, исто така, ги осуди санкциите на САД против Москва кои се воспоставени поради неиспровоцираната инвазија врз Украина. Рјабков оцени дека сакнциите биле „обид без преседан да се зададе сериозен удар на различни сектори на руската економија“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Како Русија ги манипулира своите граѓани за војната во Украина

Москва е погодена од низа меѓународни санкции поради нејзината војна против Украина. Рјабков рече дека Русија нема намера да ги протера западните медиуми и бизниси во услови на зголемени тензии со Западот, додавајќи „нема да ја ескалираме ситуацијата“.