Украина обвини дека руските сили го киднапирале градоначалникот на Мелитопол

Антируски протест во Мелитопол

Украинските власти ги обвинија руските сили за киднапирање на градоначалникот на Мелитопол, град во југоисточна Украина, кој падна под руска контрола за време на руската инвазија на Украина.

Властите во Украина велат дека руските војници го киднапирале градоначалникот Иван Федоров денеска попладне откако лажно го обвиниле за тероризам. Од руска страна нема коментари за судбината на градоначалникот.

„Киднапирањето на градоначалникот на Мелитопол е класифицирано како воено злосторство според Женевските конвенции и Дополнителниот протокол, кој забранува земање цивилни заложници за време на војна“, се вели во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи.