Стопанската комора на Северозападна Македонија, по извршената анализа, констатира дека замрзнувањето на трговската маржа е штетно за економијата на земјата во овој период на криза, а анализата покажа дека е неопходно од листата на замрзнати производи со одлука на Владата да се тргнат солта, овошјето и зеленчукот.
Владата донесе одлука од 1 март да се замрзне бруто-маржата на основните производи, не дозволувајќи им на стопанствениците да ги пресметаат логистичките и оперативните трошоци за тие производи, принудувајќи ги да работат со загуба, смета комората.Т ие велат дека треба да се замрзне профитната маржа, а не на трговската маржа и оти овој потег може да доведе до недостиг на производи на пазарот.
Министерот за економија Крешник Бектеши, пак, денеска рече дека ниту еден од трговците нема да има загуби од Одлуката за ограничување на маржите, имајќи предвид дека се признаваат оперативните трошоци во формирањето на цената.
Поради рускиот напад врз Украина, цените на храната и горивата значително се зголемија. Владата донесе одлука лебот, маслото за јадење и брашното да се продаваат по набавни цени