Радев предложи да се одржи средба во Бугарија меѓу претседателите на Украина и на Русија

Бугарскиот претседател Румен Радев

Бугарија има причина да претендира дека е место на преговори меѓу претседателите на Украина и Русија, но тоа мора да биде во координација со Европската унија, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев.

Тој смета дека е логично да има средба меѓу претседателите на Украина и Русија.
„Не случајно реков дека Русија може да победи во оваа војна, но не може да победи мир, мир со агресија не може да се добие. Оваа жестокост ќе има долгорочни последици“, додаде тој.

Русија ја нападна Украина на 24 февруари, а западните земји воведоа жестоки санкции против Москва.