Лидерите на ЕУ отфрлија членство на Украина низ брза процедура

Францускиот претседател Емануел Макрон разговара со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен на самитот на лидерите на ЕУ во замокот Версај. 10 март 2022 година.

На итниот вонреден дводневен самит на земјите членки на Европската унија (ЕУ), кој денеска се одржува во Версајската палата во Франција, 27-те лидери ја признаа „тектонската промена во европската историја“ предизвикана од руската инвазија врз Украина и ветија дека „ќе ја зајакнат нивнита воена моќ и врски, како и дека ќе го продлабочат партнерството „со Киев.“

Но, пропаднаа повиците на украинскиот претседател, поддржани од Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија и Полска, за посебен процес за членство на Украина во ЕУ, пишува британски Гардијан.

Пристапот кон проширувањето на ЕУ не е променет, без оглед на конкретната ситуација во Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека „во овој момент сака да испрати силен сигнал за солидарност до Украина и Украинците“, но рече дека во исто време мораат да бидат „внимателни“.

Макрон додаде дека не верува дека е можно да се отвори процес на пристапување за земјата која е во војна.

Летонија, Полска и Литванија се залагаа за забрана на ЕУ за увоз на енергија од Русија.

„Убеден сум дека треба да донесеме одлука да го запреме увозот на енергенси од Русија за да го доведеме (рускиот претседател Владимир) Путин на преговарачка маса, за да ја запреме војната“, изјави летонскиот премиер Кристијанис Каринс.

Според проценките на бриселскиот тинк-тенк Бригел, земјите од ЕУ во моментов трошат околу 420 милиони долари дневно на руски гас, а речиси 400 милиони на нафта од Русија. Сепак, ембаргото најверојатно ќе наиде на отпор од Германија, Австрија и Унгарија, кои покриваат значителен дел од нивните енергетски потреби со увоз од Русија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен претходно изјави дека војната на Путин е одлучувачки момент за Европа.

„На овој самит ќе ја преиспитаме европската одбрана со силни капацитети. Ќе ја преиспитаме енергијата. Треба да се ослободиме од зависноста од руските фосилни горива, а за тоа ни се потребни огромни инвестиции во обновливите извори на енергија. Ова е исто така стратешка инвестиција во нашата безбедност и независност“, рече Фон фер Лајен.