Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека стравува оти Русија ќе употреби хемиско оружје во Украина.
„Работите што ги слушате за хемиското оружје доаѓаат директно од нивната кујна“, рече Џонсон во интервју за „Скај Њуз“
„Тие почнуваат да кажуваат дека има хемиско оружје складирано од нивните противници или од Американците, па кога тие самите ќе распоредат хемиско оружје, а се плашам дека би можеле, имаат подготвена некаква лажна приказна“, додаде Џонсон.
Тој го обвини рускиот претседател Владимир Путин за „циничен“ обид да создаде изговори за употреба на хемиско оружје во Украина.
Џонсон рече дека стравува дека „варварскиот“ режим на Кремљ би можел да биде подготвен да користи забрането оружје, бидејќи неговите сили не успеале да го постигнат очекуваниот напредок.
„Се плашам дека тоа е цинична, варварска влада“, додаде Џонсон.
Претходно, САД издадоа слично предупредување за можна употреба на руско хемиско оружје.