Русија воведе санкции, се забранува извоз на одредени стоки

Илустративна фотографија.

Руската влада забрани извоз на телекомуникациска, медицинска, автомобилска, земјоделска, електрична и технолошка опрема, како и извоз на некои шумски производи до крајот на 2022 година, како одмазда за западните санкции воведени против Москва.

На списокот се ставени над 200 производи, вклучилтелно вагони, контејнери, турбини и друга стока.

Министерството за економија на Русија соопшти дека е забранет извозот на одредени видови дрво кои се употребуваат како градежен материјал и други производи од дрво, но не е точно прецизирано на кои производи се мисли.

„Овие мерки се логичен одговор на оние наметнати кон Русија и имаат за цел да обезбедат непречено функционирање на клучните сектори на економијата“, соопшти Министерството.

Новинската агенција Интерфакс цитираше извор запознаен со законите кои се подготвуваат, кој вели дека Русија може од 15 март до 31 август може привремено да го забрани извозот на жито за група поранешни советски земји кои се дел од Евроазиската економска унија (ЕЕУ) од 15 март до 31 август, како и забрана за извоз на шеќер надвор од ЕЕУ.

ЕЕУ ја сочинуваат Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан. По започнувањето на руската инвазија на Украина, западните земји воведоа санкции кон Русија.