Од прадедовци до внуци: Како штипските основци Драган и Лина ја продолжуваат музичката традиција

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Драган има дванаесет години, а свири на хармоника од пет. Неговата сестра, осумгодишната Лина почнала да пее откако имала четири години, а веќе втора година свири на виолина. Нивните родители не се професионални музичари, но се љубители на убавата песна. И таткото свири на хармоника, а децата влечат музички ген и од претходните генерации. Драган и Лина посетуваат музичко училиште и освен дома, пеат и свират и на професионални настапи, а популарни се и на социјалните мрежи. Екипата на РСЕ беше дел од една нивна семејна музичка дружба, во родниот Штип.