Британија со нови санкции за руските авиони

Министерката за надворешни работи Лиз Трус

Британија денеска ги претстави новите воздухопловни санкции според кои секој руски авион може да биде задржан и запленет.

„Забраната за авионите под руско знаме од Обединетото кралство и нивното летање како кривично дело ќе нанесе поголема економска болка на Русија и на оние блиски до Кремљ“, рече министерката за надворешни работи Лиз Трус.

Во соопштението на властите се наведува дека забраната го опфаќа било кој авион во сопственост, управуван или изнајмен од било кој поврзан со Русија.

Министерот за транспорт, Грант Шапс рече дека еден приватен авион е веќе одземен додека се спроведуваат дополнителни истраги. Весникот Телеграф објави дека авионот бил поврзан со пријател на рускиот милијардер Роман Абрамович.

Во соопштението се вели дека новите ограничувања, исто така, ќе го спречат извозот поврзан со воздухопловството и вселената.