Шефот на агенцијата за бегалци на Обединетите нации, УНХЦР, Филипо Гранди денеска изјави дека бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија веројатно сега достигнал 2,1-2,2 милиони луѓе.
Гранди на прес-конференција за време на посетата на Стокхолм рече дека „сега е време да се обидеме да им помогнеме на границата“, наместо да се разговара за поделбата на бегалците меѓу земјите.
Гранди додаде дека особено Молдавија која не е членка на ЕУ е многу ранлива во сегашната ситуација.
Русија денеска соопшти дека ќе обезбеди хуманитарни коридори втор ден по ред за луѓето кои бегаат од главниот град на Украина и четири други градови. Илјадници луѓе вчера се обидоа да ги напуштат градовите низ земјата преку хуманитарни коридори со ограничен успех бидејќи континуираното руско бомбардирање пресече некои од излезните правци.