Руската централна банка објави дека на граѓаните со девизни сметки нема да им биде дозволено да подигнат повеќе од 10.000 долари до 9 септември и рече дека банките не можат да продаваат цврста валута.
Цврста валута се валутите на земјите со силна економија, ниска инфлација и што одржува одредено ниво на стабилност на девизниот курс.
Банката, која претходно објави серија чекори со цел да им помогне на играчите на финансискиот пазар погодени од странските санкции, во соопштението рече дека без оглед на тоа во каква странска валута им се парите на клиентите на нивните сметки, повлекувањата ќе бидат платени во американски долари.
Меѓународната заедница воведе санкции против Русија поради нејзината инвазија врз Украина која започна на 24 февруари.