Потпретседателката на САД Камала Харис денеска ќе ја посети Полска каде ќе се сретне со полски официјални претставници со цел да разговараат за руската инвазија на Украина и влијанието што војната го има врз регионот.
За време на нејзиното патување од 9 до 11 март, Харис, исто така, ќе биде во посета на друга членка на НАТО, Романија, која се наоѓа на југоисточното крило на алијансата.
Агендата на потпретседателот во Варшава и Букурешт се очекува да се фокусира на економската, безбедносната и хуманитарната помош за Украина, соопшти Белата куќа.
„Состаноците на потпретседателот ќе се фокусираат и на тоа како Соединетите Држави можат дополнително да ги поддржат соседите на Украина додека ги пречекуваат и се грижат за бегалците кои бегаат од насилството“, рече заменик-секретарот за печат на потпретседателот.
Полска им помага на околу 1,2 милиони Украинци и други кои досега избегаа од војната. САДго зголемија повеќе од двојно своето воено присуство во Полска на 9.000 војници во последните неколку недели.