Германскиот јавен обвинител почнал систематски да собира докази за можни руски воени злосторства извршени во Украина, јавува германската новинска агенција ДПА. Во нивниот извештај е наведено дека овој потег е поттикнат од информациите на терен за напади врз станбени згради, болници и друга цивилна инфраструктура во Украина, како и од наводната употреба на касетни бомби од страна на руската војска.
„Поведена е истражна постапка“, изјави денеска германскиот министер за правда Марко Бушман.
Целта на истрагата е да обезбеди што е можно повеќе докази кои подоцна ќе се користат во кривичните истраги со крајна цел да се доведат воените криминалци пред лицето на правдата.
Но, за канцеларијата на германскиот јавен обвинител да може да ги гони „осомничените за воени злосторства врз човештвото“ според Меѓународното кривично право мора да постои поврзаност со Германија.
Германските истражители имаат конкретни докази за воени злосторства кои се веќе извршени во Украина, но и сомневања дека се користени забранети методи на војување и дека можеби биле извршени воени злосторства против хуманитарни операции и цивили во Украина.
Минатата недела Меѓународниот кривичен суд во Хаг отвори официјална истрага за воени злосторства во Украина.
Украина, исто така, ја тужеше Русија пред највисокиот суд на ОН, Меѓународниот суд на правдата за кршење на Конвенцијата за геноцид од 1948 година.