„Феминизмот ќе го спаси Казахстан“, „Мислењето на жените е важно“, „Повеќе жени во политиката“ беа дел од слоганите на жените демонстранти кои денеска се собраа во најголемиот град во Казахстан Алмати. На денешниот протестен марш излегоа над илјада активисти кои со одбележување на Меѓународниот ден на жената побараа еднакви права за жените.
Активистите побараа владата на централноазиската држава да претстави помодерни родови политики, да ја намали старосната граница за пензионирање од 63 на 58 години, да донесе мерки за да помогне во запирање на семејното насилство и да вработи повеќе жени во државните ентитети и владините структури.
Групите организираа сличен настан на 8 март минатата година за прв пат, откако добија дозвола од градските власти на Алмати дозвола за одржување на јавниот настан.