Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестови, а регистрирани се 340 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 198, а потоа следуваат Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни регистрирани се 56 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се две починати лица од Скопје (84г) и Кичево (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Од министерството информираат дека согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени девет починати лица на возраст од 63 до 93 години.
„Лицата за починати се пријавени во период од 16.02. до 04.03.2022. Од пријавените 4 лица се починати во болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети“, наведуваат од Министерството за здравство.
Во последните 24 часа регистрирани сe 526 оздравени пациенти. Со последните бројки вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.106, бројот на оздравени пациенти е 288.761, на починати е 9.097 а бројот на активни случаи изнесува 2.248.