Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека ниту еден регрут или резервист не e пратен да се бори во војната на неговата земја против Украина, јавува германската агенција ДПА. Во изјавата објавена денеска, на Меѓународниот ден на жената 8 Март, рускиот претседател тврди дека само професионални војници се вклучени во нападот на соседната земја. Путин наведува дека ја разбира загриженоста на мајките, сопругите и роднините на војниците кои се во Украина.
„Можете да бидете горди на нив, како што целата земја се гордее со нив“, вели Путин.
Тој вети дека нема да има повици резервистите да се приклучат во борбата.
„Задачите ги преземаат само професионални војници, тие ќе обезбедат безбедност и мир за народот на Русија“, наведува рускиот претседател.