Минималната синдикална кошничка за февруари изнесува 36.146 денари и е повисока за 335 денари во споредба со претходниот месец. Во февруари минатата година, за задоволување на основните потреби на едно четиричлено семејство биле потребни 33.702 денари.
Од целата синдикална кошничка за исхрана и пијалаци одат 15.440 денари или 42,7 отсто, а за домување се неопходни 11.511 денари, односно 31,8 отсто. Останатите пари се предвидени за хигиена, превоз, облека и обувки, култура и здравје.
Минималната синдикална кошничка што ја определува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) се однесува на задоволување на основните месечни потреби за едно четиричлено семејство.
Економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус доведе до поскапување на основните животни производи, а сега на поспакувањата влијае и руската инвазија врз Украина.