Иран: руските барања за нуклеарните преговори се неконструктивни

илустрација

Ирански функционер изјавил дека барањата на Русија на разговорите во Виена за заживување на историскиот договор меѓу Техеран и светските сили „не се конструктивни“.

Иранската новинска агенција Тасним го цитираше неидентификуваниот официјален претставник дека „мешањето“ на Русија има за цел да ги обезбеди нејзините сопствени интереси.

Москва побара гаранција од Соединетите Држави дека санкциите со кои се соочува поради конфликтот во Украина нема да и наштетат на нејзината трговија со Иран, барање за кое експертите велат дека може да биде камен на сопнување во разговорите.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на 4 март рече дека Москва ќе инсистира на „писмени гаранции на минимално ниво на американскиот државен секретар“ пред да го поддржи новиот нуклеарен договор со Иран.

Соопштението дојде набргу откако Техеран соопшти дека се согласил на упатствата на нуклеарната агенција на ОН за решавање на прашањата што ги спречуваат преговорите со светските сили во Виена, со цел враќање на закочениот нуклеарен договор со Иран од 2015 година.

Русија е една од потписничките на договорот од 2015 година, кој обезбеди олеснување на санкциите на Техеран во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма.

Американскиот претседател Доналд Трамп го напушти Заедничкиот сеопфатен акционен план (JCPOA), како што е официјално познат договорот, во 2018 година и повторно воведе остри санкции кон Техеран, што пак последователно доведе до прекршувања на некои мерки договорени со договорот.

Разговорите за враќање на договорот се во тек во Виена од април, а преговорите со посредство на Франција, Германија, Обединетото Кралство, Русија и Кина, наводно, се блиску до постигнување договор.