Мировните сили на Европската унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) соопштија дека Франција од денеска ќе врши обучувачки летови на воени авиони над БиХ, поради влошената меѓународна безбедносна ситуација
„Носачот на авиони ‘Шарл де Гол’ моментално спроведува оперативна обука во Медитеранот, а од понеделник, 7 март, неговите авиони „Рафал’ ќе летаат над Западен Балкан, вклучително и Босна и Херцеговина“, соопшти ЕУФОР.
Минатата недела ЕУ одлучи да ги зголеми силите на ЕУФОР од 600 на 1.100 војници од Австрија, Бугарија, Романија и Словачка, со цел да се спречи потенцијална нестабилност по рускиот напад на Украина.