Претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, денеска изјави дека затворањето на украинскиот воздушен простор може да предизвика светска војна.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неколку пати ги повика земјите на НАТО да го запрат рускиот напад врз неговата земја со воведување зона на забранети летови. Западните лидери одбија поради страв од започнување на поширока војна во Европа.
Распоредувањето на борбени авиони над Украина „во сегашните околности“ може да се смета за „влегување на НАТО во војната и со тоа ризикување на Трета светска војна“, рече Мишел во интервју за јавната телевизија Франс Интер.
Мишел негираше дека економските санкции против Русија претставуваат „војна на ЕУ или НАТО против Русија“.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека економските санкции на Западот поради неговата инвазија над Украина се еднакви на „објавувањето војна“ на Москва.