Папата Франциск во неделата го отфрли руското тврдење дека се спроведува „специјална воена операција“ во Украина, велејќи дека земјата е погодена од војна.
„Во Украина течат реки од крв и солзи. Ова не е само воена операција, туку војна која сее смрт, уништување и беда“, рече папата во своето неделно обраќање пред луѓето собрани на плоштадот пред базиликата Свети Петар.
Сепак, како што беше случај во текот на 11-дневниот конфликт, папата јавно не ја осуди Русија по име за нејзината инвазија. Наместо тоа, тој го повтори својот апел за мир, создавање хуманитарни коридори и враќање на преговорите, јави Ројтерс.
„Во таа маченичка земја потребата за хуманитарна помош расте од час во час“, рече папата, говорејќи од прозорецот со поглед на плоштадот. „Нека надвладее здравиот разум, да се вратиме на почитувањето на меѓународното право.
Русија ги нарекува своите дејствија во Украина „специјална операција“, а не војна и вели дека ова не е дизајнирано да окупира територија, туку да ги уништи воените капацитети на јужниот сосед и да ги зароби она што го смета за опасни националисти.
Русија почна инвазија врз Украина на 24 февруари. До сега има стотици загинати и повредени и над еден милион бегалци. До сега имаше два обода за преговори за мир.