Нема оштетување на безбедносните системи во нуклеарната централа Запорожје

Украинската нуклеарна централа Запорожје.

Безбедносните системи во нуклеарната централа Запорожје се недопрени, а радијацијата е на нормално ниво, вели украинскиот нуклеарен регулатор.

Русија ја зазема најголемата нуклеарна централа во Европа, во напад кој беше извршен оваа недела, а зградите на централата беа оштетени од гранатирање.

Украинскиот регулатор ги известил Обединетите нации дека успеал да одржи контакт со персоналот во електраната и дека два од шесте реактори се моментално во функција.

Останатите три нуклеарни централи во Украина работат безбедно, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН повикувајќи се на информации што ги добила од украинскиот регулатор.

Но, агенцијата предупредува дека на персоналот мора да му се дозволи да се одмори и да се менува во смени, за да можат луѓето безбедно да работат.

Работниците во електраната Чернобил, која Русија го зазема минатата недела, наводно биле на терен 11 дена без да можат да бидат заменети. Таа централа беше место на најголемата нуклеарна катастрофа во светот во 1986 година.