Почнува евакуацијата на цивилите во Мариупол

Украина -- Облак чад се издигнува од зграда по гранатирање на руските сили во пристанишниот град Мариупол. 4 март 2022 година.

Градскиот совет на Мариупол, град кој се наоѓа во североисточна Украина, соопшти дека привремениот прекин на огнот ќе се почитува од 10 до 21 часот по локално време, што е од 9 до 20 часот по средноевропско време.

Цивилите ќе можат да се евакуираат од Мариупол со автобуси кои тргнуваат од три локации во градот, користејќи однапред договорена рута што завршува во Запорожје, велат властите на Мариупол.

Во евакуацијата може да се приклучат и приватни возила, но од нив се бара да возат зад автобусот, во колона предводена од Црвениот крст. Возачите треба да ги пополнат сите места во своите автомобили, соопшти Советот.

Украина вчера соопшти дека руските сили продолжуваат со гранатирање на коридорите за евакуација кои требало да бидат отворени, додека Русија ги обвини украинските „националисти“ за спречување на цивилите да си заминат.