Евакуацијата на цивилите од Мариупол е одложена, соопшти градскиот Совет на Мариупол. Во соопштението се наведува дека руската страна не го почитувала привремениот прекин на огнот.
Во соопптението се вели дека жителите требале да заминат и да најдат засолниште и дека наскоро ќе бидат дадени повеќе информации.
Претходно, заменик-градоначалникот на градот Сергеј Орлов за Би-Би-Си изјави дека Мариупол сѐ уште е под гранатирање, но и дека има информации дека борби се водат на крајот на рутата за евакуација.
Орлов изјави дека во Мариупол се случува континуирано гранатирање по договорената рута за евакуација, во близина на градот Орихива.
„Затоа не е безбедно да се оди по овој пат“, рече тој.
Тој додаде дека украинската влада веќе разговара со руски претставници за прекршување на примирјето и дека преговорите се во тек.
Претходно Градскиот совет на Мариупол доопшти дека не се почитува целосно примирјето договорено меѓу Русија и Украина за да им се дозволи на цивилите да го напуштат градот.
„Русите продолжуваат да нѐ бомбардираат и да користат артилерија. Тоа е лудост“, изјави Орлов.
„Нема примирје во Мариупол и нема примирје на целата рута. Нашите цивили се подготвени да побегнат, но не можат да избегаат под гранатирање“, рече тој.