Најмалку шест луѓе, меѓу кои и едно дете загинале во руски воздушен напад во селото Мархаливка во близина на Киев, соопшти денеска регионалната полиција. Во нападот се ранети и двајца возрасни и две деца. Тие итно се префрлени во болница, соопшти киевската регионална полиција.
Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на Обединетите нации претходно денеска соопшти дека заклучно до 3 март на полноќ се регистрирани 1.006 цивилни жртви, од кои 331 смртен случај, откако почна руската инвазија на Украина на 24 февруари. Но во изјавата од ОН се наведува дека реалниот број на цивилни жртви во Украина може да биде многу поголем.
Но бројките не ОН не се совпаѓаат со они на украинските власти, кои на 2 март соопштија дека повеќе од 2.000 цивили биле убиени во руските напади од минатата недела.
Од Канцеларијата на претседателот на Украина денеска ја цитираат детската омбудсманка Дарја Херасимчук дека во руските напади низ Украина се убиени 28 деца, а 64 се ранети.