Советот за следење на состојбите во пензискиот систем, денеска ја оддржа првата седница од изборот на оваа Влада, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, како новa претседателка на ова тело, информира МТСП.
На седницата била потврдена стабилноста и одржливоста на пензискиот систем и остварените резерви во висина од 1.3 милијарди денари во Фондот за ПИОМ. Притоа се дискутирало и за промената на методологијата за усогласување на пензиите, за што била одржана претходно средба со претставниците на пензионерите.
„Целта е да воспоставиме системско решение, на долг рок. Новата методологија треба да обезбеди континуиран раст во иднина, без потреба од дополнителна интервенција од страна на институциите. Нашата цел е воспоставување на систем, кој обезбедува сигурност и извесност“, рече Тренчевска.
Вицепремиерот Битиќи посочил дека свикувањето на советот треба да биде редовна пракса. Тој се осврнал на промената на критериумите за минимална плата која беше направена неодамна и отворањето на дискусијата со пензионерите за промена на методологијата во усогласување на пензиите.
Од МТСП велат дека со оглед на тоа дека, денешната средба била прва и повеќе насочена кон запознавање и отворање на дискусија, подолга и подетална средба на советот било договорено да се реализира до крајот на овој месец.