Кремљ ги повика Русите да му дадат поддршка на рускиот претседател Владимир Путин. Ова соопштение доаѓа на девет ден по почетокот на руската инвазија врз Украина.
„Сега не е време да се делиме. Сега е време да се обединиме, да се обединиме околу нашиот претседател“ изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во одговор на новинарските прашања за повиците и молбите на руските јавни личности за крај на војната.
Оваа изјава доаѓа и во време кога во Брисел се одржува вонреден состанок на НАТО на кој присуствуваат министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, како и на Финска, Шведска и ЕУ.
Путин ја започна инвазијата врз Украина на 24 февруари, а украинскиот претседател Володимир Зеленски прогласи воена состојба во земјата и нареди општа мобилизација. Од почетокот на воениот конфликт до сега Украина ја напуштиле еден милион граѓани, соопштија вчера Обединетите Нации