Најмалку 45 загинати во самоубиствен бомбашки напад во џамија во Пакистан

Најмалку 45 луѓе загина, а најмалку 56 се ранети кога двајца бомбаши самоубијци со пукање влегле во џамија во градот Пешавар пред да се разнесат за време на редовната петочна молитва.

Портпаролот на болницата во Пешавар изјави дека стравува оти бројот на жртви може да порасне, со оглед на тоа што неколкумина од повредените се во критична состојба.

Градската полиција соопшти дека двајцата напаѓачи отвориле оган кон полицијата, при што убиле еден полицаец пред да влезат во џамијата во пазарната област Киса Хани.

Кога влегле во џамијата, го активирале експлозивот.

Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот