Снабдувањето со гас преку рускиот гасовод „Јамал- Европа “ од Русија кон Германија денеска беше стопирано. Понудите на „Гаспром“ за дополнителен транзитен капацитет преку Украина се на високо ниво, покажуваат податоците од операторите на гасоводот. Протоците на гас кон Германија преку мерното место Малноу утрово беа околу 101.119 киловати на час, додека синоќа тие изнесуваа околу 13,5 милиони киловати на час.
Гасоводот „Јамал-Европа“ е долг 2.000 километри, минува низ Русија, Белорусија, Полска и Германија и може да носи до 33 милијарди кубни метри гас годишно. Овој гасовод, заедно со „Северен тек“ и украинскиот систем за пренос на гас, е една од главните маршрути за извоз на руски гас во Европа.
Руската енергетска компанија Газпром во четвртокот продолжи со испораките на природен гас кон запад преку гасоводот Јамал-Европа до Германија од Полска и резервира 7,8 милиони киловати на час транзитен капацитет на гас преку гасоводот за петок наутро до сабота наутро.
„Гаспром“ вчера го закупи капацитетот на „Јамал-Европа“ од околу 750.000 кубни метри на час, што претставува речиси 20 проценти од неговата вкупна достава. Руската компанија може да го користи капацитетот од 8 часот по московско време на 4 март до 8 часот по московско време на 5 март.
Гасоводот меѓу Полска и Германија вообичаено сочинува околу 15% од руското снабдување со гас на запад кон Европа и Турција.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе продолжи да испорачува гас на светските пазари, иако САД и нивните европски сојузници ги зајакнуваат санкциите против Москва по руската инвазија на Украина.