Организацијата за заштита на човекови права „Меморијал Интернејшнл“,една од најпочитуваните во Русија, соопшти дека утрово руската полиција извршила рација во една од нејзините канцеларии во Москва.
„Се претресува канцеларијата на Меморијалот на улицата Картни Рјад“, соопшти групата во објава на својот канал Телеграм.
Непрофитна организација која досега ги следеше полициските апсења низ целата земја, соопшти дека полицијата извршила претрес и во канцелариите на уште една невладина организација „Граѓанска помош“, организација која обезбедува правна помош за бегалците и мигрантите во Русија.
Рускиот Врховен суд во декември донесе одлука за затворање на Меморијалот, тврдејќи дека го прекршил тешкиот закон за „странски агенти“, кој се почесто го користат официјални лица за затворање на граѓанското општество и медиумските групи.
„Меморијал Интернејшнл“ ја обжали пресудата и соопшти дека и натаму продолжува со работа бидејќи дел од членовите во неа не се правни лица.
По одлуката на рускиот Врховен суд за затварање на „Меморијал Интернејшнл“, Европскиот суд за човекови права и нареди на руската влада да го прекине спроведувањето на одлуката во очекување на решавање на случајот што ги оспорува законите за „странски агенти“ донесени од група руски невладини организации, вклучително и за оваа невладина организација .