Рускиот медиумски регулатор Роскомнадзор денеска соопшти дека го „ограничил“ пристапот до веб-страниците на независните медиуми, бидејќи властите ги продолжиле очигледните напори да спречат пристап до надворешните информации на руските говорници во услови на тековната инвазија на Украина.
Повеќето веб-страници на Радио Слободна Европа, Би-Би-Си и Дојче веле на руски јазик заедно со Фејсбук, Твитер и он-лајн продавниците за апликации на Епл и Гугл беа блокирани синоќа.
Засега е нејасно зошто социјалните медиуми и он- лајн продавниците за апликации се цел на затварање, иако Москва имаше долготрајни спорови со многу технолошки провајдери и платформи околу прашањата за откривање на кориснички податоци.
Блокирањето на веб страниците започна синоќа, но доаѓаат по цела недела закани кон РСЕ и други медиуми за принудно затворање во услови на тековно известување за руската инвазија врз Украина.
Веб-страницата на Current Time, мрежа на руски јазик предводена од РСЕ во соработка со Гласот на Америка, е блокирана од руските власти од 28 февруари, иако сервисот објави методи за заобиколување на блокадата.
Редакцијата на руската сервис на РСЕ доцна во ноќта на 2 март прими шест известувања од Роскомнадзор во кои руската агенција за следење на медиумите се закануваше дека ќе ја блокира веб-страницата на сервисот поради тековното известување за конфликтот во Украина.
ЕУ го забрани емитувањето на РТ и Спутник на сите платформи
Роскомнадзор соопшти дека ќе ги искористи своите овластувања за блокирање на вестите на свобода, орг за гранатирањето на Харков, во Украина, како и хакирањето на некои руски веб-страници од хакери кои отворено покажуваат симпатии кон Украина.
Медиумскиот регулатор соопшти дека објавените материјали „испорачувале намерно лажни општествено значајни информации за наводниот руски напад на територијата на Украина“ на начини што би можеле „да создадат паника меѓу луѓето“.
„Путин ги држи Русите на диета со лаги за обемот и трошоците на војната во Украина“, изјави денеска претседателот на Радио Слодбодна Европа Џејми Флај.
Тој додаде дека Радио Слободна Европа одбива да ја цензурира својата содржина во овој критичен момент за руската публика.