Изгаснат пожарот во нуклеарната централа во Украина која беше нападната од руски трупи

Нападната нукларната централа во Запорожје, Украина

Украинските служби за управување со кризи и итни случаи соопштија дека е изгаснат пожарот што горел без контрола во текот на ноќта во нуклеарната централа Запорожја која се наоѓа во југоисточна Украина.

До ова дојде откако локалните власти соопштија дека руските сили отвориле оган врз објектот во текот на ноќта додека се приближувала руска колона. Нуклеарната централа во Запорожје, во близина на реката Днепар, е најголемиот во Европа и произведува повеќе од една петтина од домашната електрична енергија во Украина.

Руските сили ги интензивираат нападите за заземање на нуклеарна централа во Запорожје

Нуклеарната агенција на ОН рано утринава најави дека во функција ќе ги стави своите служби за инциденти и итни интервенции поради можниот негативен развој на настанатите во Запорожја. Американскиот секретар за енергетика Џенифер Гранхолм доцна во ноќта изјави дека засега нема првични знаци за зголемено ниво на радијација во централата.

Градоначалникот на Запорожје, Дмитро Орлов, изјави дека руските сили отвориле оган врз контролен пункт на неколку километри од нуклеарната централа врз тамошните цивили и гранатирајќи ја областа најмалку еден час.

Претседателот Володимир Зеленски објави видео обраќање во кое ги повика Европјаните со изјавата „ве молиме разбудете се, и кажете им на вашите политичари дека руските трупи пукаат кон нуклеарна централа во Украина“.

Украина и Русија се договорија само за хуманитарни коридори

Зеленски разговараше со американскиот претседател Џо Бајден и британскиот премиер Борис Џонсон за да ги информира за ситуацијата во Запорожје.
Гранхолм на Твитер објави дека разговарала со украинскиот министер за енергија Херман Халушченко и дека реакторите во Запорожје се „заштитени со робусни структури за задржување“ и дека се „безбедно затворени“.

Руските сили го зазедоа Чернобил, потврди украинскиот премиер

Русија веќе ја презема контролата врз нефункционалната нуклеарна централа во Чернобил, околу 100 километри северно од главниот град на Украина Киев.

Руската инвазија на Украина влезе во втората недела. Напади има во повеќе градови меѓу кои Киев, Суми, Мариупол, Одеса и Харков.