Зеленски: Подготвени сме да разговараме за сите точки

Украинскиот претседател Володимир Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски говорејќи за денешните преговори со Русија изјави дека не се работи за условите кои ги поставува нивниот сосед туку за за поентата зад секое прашање.

„Ние сме подготвени, како што реков, да разговараме за сите овие точки. Русија одамна формулираше одговори на сите нивни прашања. Едноставно верувам дека нема смисла да поставувате прашања ако веќе имате одговори. И ова е, мислам, она што го комплицира овој дијалог досега“, рече тој.

Втората рунда разговори меѓу Украина и Русија во западниот белоруски регион Брест започна со цел да се стави крај на борбите, но мали се очекувањата дека ќе се најде заеднички јазик меѓу двете страни.

Зеленски посочи дека има работи околу кои треба да се најдат некакви компромиси за да не умираат луѓе. Но, според него има и работи каде компромиси едноставно не постојат.

„Едноставно не можете да отстапите и да кажете: „Во ред, ова е вашата земја, Украина е дел од Русија“. Ова е едноставно невозможно. Па зошто тогаш ни го нудите тоа, нели?“, порача Зеленски.

Тој додаде дека мисли оти има одредени точки на дневен ред што треба да се разгледаат кои се легитимни за дијалог.

„Има поента во сите преговори. Секој збор е поважен од истрел. Ако има можност да зборувате пред да пукате направете го ова. Ова се принципите на кои се држам“, порача тој.

Русија ја започна инвазијата врз Украина на 24 февруари.