Руските сили ги засилуваат напорите да ја преземат контролата врз нуклеарната централа во Запорожје, југоисточна Украина, тврдат украински власти.
Руските трупи се обиделе да ја пробијат барикадата до централата подигната од локалните жители и силите за територијална одбрана, објави советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Херашченко.
Друг советник, Вадим Денисенко, рече дека ситуацијата е алармантна бидејќи Русите влегуваат во градот Енергодар каде што живеат работниците на фабриката.
Русија веќе ја презема контролата врз нефункционалната нуклеарна централа во Чернобил, околу 100 километри северно од главниот град на Украина Киев.
Руската инвазија на Украина влезе во втората недела. Напади има во повеќе градови меѓу кои Киев, Суми, Мариупол, Одеса и Харков.