Николовски: Во државата има доволна количина на пченка и пченица

Министерот Љупчо Николовски

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски изјави дека во државата има сосема доволна количина пченица и пченка. Според него, во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

„Споменатите количини се во годишните планови на стопанските субјекти, кои им се планирани да ги увезат до почеток на жетва со цел како и секоја година да бидат покриени потребите на домашниот пазар и работата на млиновите, пекарите и други субјекти, не за потребите на државата или стоковите резерви“, напиша Николовски на Фејсбук.

Министерствата на двете земји, како што порачува тој, имаат континуирана комуникација за сите земјоделски производи што се извезуваат и узвезуваат од двете страни, вклучително и за пченица и пченка.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека неговата земја на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.