Одбранбените линии на Украина се одржуваат, но руското гранатирање на градовите не престана од полноќ, рече претседателот Володимир Зеленски во новото видео обраќање денеска.
Тој вели дека промената на руската тактика, насочена кон цивилни области, покажува дека Украина успеала да се спротивстави на планот на Москва за брза победа со копнен напад.
„Немаме што да изгубиме освен сопствената слобода“, рече Зеленски, додавајќи дека Украина секојдневно добива оружје од своите меѓународни сојузници.
- УНХЦР: Бројот на бегалци од Украина се зголеми на еден милион
- Украинското министерство за одбрана: Мариупол останува во наши раце
Неговите коментари доаѓаат откако беше покрената истрага за можни воени злосторства, а Русија беше обвинета за бомбардирање цивили.
Во меѓувреме рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за руската државна телевизија дека не се сомнева дека ќе се најде решение за украинската криза, но дека рускиот дијалог со Западот мора да се заснова на меѓусебно почитување.
Лавров повтори дека Москва не може да ја толерира воената закана од Украина, за која рече дека добила наредба од Вашингтон, пренесува Ројтерс.